Утрински Весник
Македонија

Лажен полицаец на митинг на политичка партија во Вевчани, фотографирал лични карти и се заканувал

Oткриени 19 фалсификувани ПЦР тестови при контрола во туристички автобус

Синоќа во 22.30 часот во ПО-Велешта Т.Ш. (32) пријавил дека околу 20.30 часот во центарот на с.Вевчани (пред кафе бар) додека следел митинг на политичка партија едно лице лажно му се претставило дека е полициски службеник и му побарало лична карта и откако ја фотографирал личната карта, му се заканил на пријавителот.

Потоа, според пријавеното, лицето влегло во кафе барот и им ги побарал а потоа и ги фотографирал личните карти на И.Д., М.Д., В.П., К.Р., Т.В. и Н.Б., сите од Вевчани, а потоа, без да се легитимира со службена легитимација, се оддалечило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори

Претседателката Сиљановска Давкова имаше средба со Павловски, директор на Рамбл

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101