Утрински Весник
Спорт

„Лажат од УЕФА, не натераа да го продолжиме натпреварот со Финска“

„Лажат од УЕФА, не натераа да го продолжиме натпреварот со Финска“
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Напаѓачот на Данска, Мартин Брејтвајт, тврди дека УЕФА извршиле притисок врз и дека поради тоа го продолжиле натпреварот против Финска. Натпреварот одигран во Копенхаген, мина во знакот на Кристијан Ериксен, кој колабираше на теренот. Десет минути лекарите се бореа за неговиот живот, а потоа во стабилна состојба беше префрлен во болница.

Играчите на двете репрезентации беа во шок, заминаа во соблекувалните, а по еден час натпреварот продолжи и заврши со победа на Финска (0:1). Данците не успеаја да постигнат гол, иако имаа 23 удари кон голот на Храдецки и промашен пенал.

Screenshot

Брејтвајт, по вчерашниот дуел со Белгија, открил дека УЕФА ги натерала играчите на Данска да го продолжат натпреварот.

„Ериксен ни се јави откако заврши натпреварот. Ни кажа дека бевме фантастични. Пораката што ја испрати во нашата „Ватс ап“ група, јас ја читав додека одев кон соблекувалната“, рекол Брејтвајт.

Тој тврди дека нема вистина во она што го објавија УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Данска, дека фудбалерите побарале натпреварот да продолжи.

„Сигурен сум дека ќе го добиевме тој натпревар, не примораа да играме по се она што се случи. Лажат кога велат дека ние побаравме натпреварот да се одигра, тоа е лага“.

> „Лажат од УЕФА, не натераа да го продолжиме натпреварот со Финска“ <

Можете да прочитате

Реал Мадрид со проблеми пред финалето на ЛШ

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!