Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 577 нови случаи на коронавирус, 14 лица починале

Во Хрватска 577 нови случаи на коронавирус, 14 лица починале

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 577 нови случаи на коронавирус, а 14 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска изнесува вкупно 2.596, а 12.762 лица се во самоизолација.

Меѓу нив, 1.055 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 92 се на апарати за дишење.

Досега во Хрватска се пријавени вкупно 236.333 заболени со коронавирус, од кои 5.238 починале.

Оздравеле вкупно 228.499 луѓе, од кои 296 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран