Утрински Весник
Свет

Лавров: Имаме документи кои ќе ја покажат вистината за масакрот во Буча

Лавров: Имаме документи кои ќе ја покажат вистината за масакрот во Буча

Русија ќе претстави документи кои сведочат за вистинската природа на настанот во украинскиот град Буча, каде московските сили се обвинети за масакрирање цивили, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„ Денеска преку нашиот постојан претставник (во ОН) ќе организираме прес-конференција на која ќе презентираме документи за вистинската природа на настанот“, изјави тој.

Руското МНР додава дека конференцијата ќе се одржи во 21:30 часот по средноевропско време во седиштето на ОН во Њујорк.

Кремљ претходно решително ги отфрли сите обвинувања во врска со откривањето на голем број цивилни тела во Буча, во близина на Киев, по повлекувањето на руските сили.

Лавров снимката од телата ја нарече „лажна“, осудувајќи ја кампањата за „пропаганда и дезинформација“.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СОФИЈА: Запленети околу еден милион фалсификувани евра

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран