Утрински Весник
Свет

Курц: Не смее да има геополитички табуа при одобрување на вакцините

Курц: Не смее да има геополитички табуа при одобрување на вакцините

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека не смее да има геополитички табуа во одобрувањето на вакцините против коронавирус.

Европската агенција за лекови, се разбира, треба да размисли за одобрување на кинеските и руските вакцини, веднаш штом ќе се поднесе барање за тоа, подвлече Курц во изјавата за агенцијата АПА.

Тој истакна дека во борбата против пандемијата е важна секоја вакцина што е ефикасна и одобрена.

Тој рече дека успесите на компаниите „Бионтек“ – „Фајзер“ и „Модерна“ во развојот на вакцината се подеднакво значајни како и на „Астра зенека“ или на руските и кинеските компании.

Само заедно, преку меѓународна соработка, ќе можеме да ја надминеме оваа пандемија, подвлече Курц.

Во Австрија последниве денови сè погласни се барањата за постигнување договор за набавка на руската вакцина „спутник В“, бидејќи западните компании доцнат со испораката на вакцините.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик