Утрински Весник
Свет

Курти побара од Грција да го признае Косово

Курти побара од Грција да го признае Косово

Косовскиот премиер, Албин Курти, се состана со шефицата на грчката канцеларија за врски во Приштина, Крисоула Алифери, и побара од нејзината земја да се приклучи на блокот на земји што го признаа Косово.

Во соопштението на косовската влада се вели дека Курти побарал билатералната соработка дополнително да се проширува и продлабочува и Грција да се приклучи на блокот земји што го признале Косово.

Курти ги пофалил односите со Грција и нејзината посветеност за членството на Косово во меѓународните организации, како што беше случајот со членството во ЕБОР.

Грчкиот амбасадор во Србија, Јоргос Јакофотакис, вчера рече дека ставот на неговата земја да не ја признава независноста на Косово е добро познат и останува непроменет.

Амбасадорот ги коментираше очекувањата на аналитичарите за надворешна политика Дејвид Филипс и Даниел Сервер дека Грција ќе ја смени својата позиција и веројатно ќе го признае Косово.

Филипс и Сервер изјавија дека не очекуваат петте земји од Европската унија што не го признаа Косово да ја сменат својата позиција, освен Грција.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император