Утрински Весник
Свет

Курти: Нема да бидам во Брисел на 11 мај на нови разговори со Белград

Курти: Гренел врши притисок врз Косово и сака брзо решение со Белград

Косовскиот премиер, Албин Курти, најави дека нема да одговори на поканата да се состане со претставници од Белград на 11 мај во Брисел.

Средбата во Брисел би била прва во продолжението на дијалогот меѓу двете страни, што се одвива со посредство на ЕУ, и прва откако Курти стапи на должноста премиер.

„Нема да бидам во Брисел на 11 мај“, изјави Курти по состанокот во Европската комисија во Брисел.

Тој рече дека нема да има нова рунда на дијалог меѓу Белград и Приштина, најавена за 11 мај.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ, во понеделникот, по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, објави дека на 11 мај ќе се одржи нова рунда разговори на највисоко ниво.

Одговарајќи на прашањето кога очекува разговор за продолжување на дијалогот, Курти рече дека за него не е клучно времето, туку добрата подготовка.

Можете да прочитате

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки

Драма на Меѓународната вселенска станица, санирано само едното истекување на воздух

Петмина азербејџански морнари загинаа во напад врз два товарни брода во Азовското Море