Утрински Весник
Македонија

Кумановци се вознемирија од еврејска група во градот, МВР вели дека не се опасни и брзо ќе си одат

Кумановци се вознемирија од еврејска група во градот, МВР вели дека не се опасни и брзо ќе си одат

Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница.

Од МВР велат дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава.

„Во групата има Американски, Канадски, Белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Републиа Северна Македонија. Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава“, наведоа од Министерството.

Претходно на социјалните мрежи се појавија видеа и реакции поради присуството на членовите на групата.

Граѓани шпекулираат дека станува збор за припадници на радикалната фундаменталистичка еврејска секта, наречена Лев Тахор, основана во 1988 година. Групата често се сели, а досега е забележана во Израел, САД, Канада, Гватемала, Мексико, Романија и Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Јаневска: Без силен придонес од високото образование, не може да се решат главните предизвици на современите општества

Силјановска Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи” на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – ефикасна реализација на мерката за ранливите потрошувачи