Утрински Весник
Македонија

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол“

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол“

Куманово, 1 април 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со претстави на интернет и за публиката денеска онлајн ќе ја прикаже претставата „Раскол“, соопшти театарот на својата официјална страница. 

Претставата е работена по текст на Владимир Плавевски, во режија на Бранко Брезовац, а играат актерите Сузана Брезовац, Драгиша Димитријевски, Горан Илиќ, Љупчо Хаџи Стојанов.

„Раскол“ премиерно е изведена  во септември 1998 година и, според објавата на  театарот, била подготвена за рекордни 20 дена. Оваа претстава е и најдолго одржана на репертоарот, од 1998 до 2006 година, а на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп актерот Драгиша Димитријевски ја доби наградата за најдобро актерско оставрување.

Кумановскиот театар со „Раскол“, исто така, учествувал на голем број фестивали во земјава, како и во Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Аргентина. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бујар Османи од Париз: Европската перспектива на Северна Македонија и Охридскиот договор во фокусот на средбите во француските институции

Левица: Муцунски гласаше за ембаргото на Куба иако 130 држави се спротивставија на санкциите на САД

Акција во ФЗО и „Санте плус“: Сомневања за милионски злоупотреби и оштетени пациенти