Утрински Весник
Македонија

Куманово со целосна забрана за движење

Дезинфекција на градскиот плоштад во Куманово

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Во Куманово од синоќа од 21 часот е воведена забрана и посебен режим на движење на населението. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Одлуката, ја донесе Владата вчера, а полицискиот час ќе заврши во 05 часот наутро во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, во Куманово забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.скс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија