Утрински Весник
Македонија

Кумановец почина во пожар во поранешна фабрика

Кумановец почина во пожар во поранешна фабрика

Вчера, во 15.05 часот, во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во помошен објект од поранешна фабрика на улицата Доне Божинов во Куманово, сопственост на М. П. (59).

Во пожарот починал Д. Л. (79) од Куманово, роднина на сопственикот, кој живеел тука.

Смрт констатирал лекар од Медицинскиот центар Куманово.

Во 16.50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид ќе се врши во текот на денот.

Можете да прочитате

ДС: Потребно е забрзување на евроинтеграциите со заштита на македонскиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари требал да инкасира Богац за наместениот тендер вреден 18 милиони денари?

Денеска се полага првиот дел од државната матура