Утрински Весник
Свет

Кулеба ќе бара повеќе оружје од Г7 и НАТО

Кулеба ќе бара повеќе оружје од Г7 и НАТО

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека планира да упати апел до своите колеги од Г7 и земјите од НАТО да го исполнат барањето на Украина да биде снабдена со доволно оружје за да им се спротивстави на руските сили.

„Главна тема на мојата презентација во Брисел ќе биде снабдувањето на Украина со сето неопходно оружје“, рече Кулеба во видео обраќањето, пренесува Ројтерс.

Украинскиот функционер изјавил дека во четврток ќе се сретне со министрите за надворешни работи на другите земји, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа