Утрински Весник
Свет

Кулеба: Само Унгарија и Австрија не ни испратиле оружје

Австрија и Унгарија се единствените европски земји кои се уште немаат испорачано оружје на Украина во борбата против Русија, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

dobivaj vesti na viber

„ Со исклучок на Унгарија и Австрија, испораката на оружје за Украина не е табу за ниту една европска земја“ нагласи тој, пренесува агенцијата „Укринформ“.

Многу земји, кои дотогаш не доставуваа оружје во воените зони, го променија својот став по, како што вели Кулеба, „почетокот на целосната агресија“.

„ Некои земји дури ги променија своите закони за да дозволат испорака на оружје во Украина“ – објасни тој.

Кулеба рече дека често има дискусии со западните партнери за тоа кое оружје и кога треба да се достави и дека таквите дискусии предизвикуваат секојдневни загуби на фронтот.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна