Утрински Весник
Економија

Кузеска: Нови 280 договори за поддршка со компании

И во време на светска економска криза, Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со поддршка на домашната економија, изјави на прес-конфенеција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, и најави дека следува потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Со овој Закон за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал. На овој начин се реализира заложбата на Владата предовдена од СДСМ, домашните компании да бидат третирани исто како и странските компании во Северна Македонија“, рече Кузеска.

Овие компании се очекува да креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Само во 2021 година, објави Кузеска, истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места.

Можете да прочитате

Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби

Николоски очекува раст на БДП од 3,7 проценти

Мицкоски: Најавувам 8 нови инвестиции за нови вработувања и посилен стандард