Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Неработењето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги чини граѓаните 55.000 евра месечно

Над 55.000 евра месечно ги чини граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа образложи дека само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци.

„Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Наместо да ги заработат тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните. Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните“, изјави Кузеска.

Портпаролката на СДСМ порача дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони.

Можете да прочитате

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти

Му се заканувал на премиерот преку социјалните мрежи – ОЈО бара притвор

Постапка против 39-годишен маж од Черкези, во пораки преку социјални мрежи му се заканувал на Мицкоски