Утрински Весник
Македонија

Крушево и Црвениот крст со волонтери за помош на старите лица

Во Крушево за 17 отсто повеќе посетители во десетте месеци од годинава

Крушево, 17 март 2020 (МИА) – Локалната самоуправа на Крушево и Црвениот крст од градот заедно ќе работат за помош на старите и изнемоштени лица при набавка на неопходните прехранбени и други производи.

Црвениот крст од Крушево воспостави и телефонска линија на која граѓаните ќе може да ги бараат овие услуги. Може да се јавуваат на 071-379-920, а од Црвениот крст ги повикуваа граѓаните на Крушево да се пријават како волонтери и да помогнат во доставувањето на храна, вода, лекови, производи за хигиена за старите и изнемоштени лица. Повикот се однесува за градот и за населените места. ем/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешко повредена жена, излетала од патот и удрила во метална ограда

Божиновска – Рама: Гасното поврзување на државата е клучен чекор кон енергетска стабилност и регионална интеграција

Министрите на Мицкоски ги нема на собраниска седница за пратенички прашања, СДСМ побара да се обезбедат