Утрински Весник
Македонија

Крушево доби донација од 30 таблети

Крушево доби донација од 30 таблети

Крушево, 30 април 2020 (МИА) – Крушево доби донација од 30 таблети од компанијата „Еколог“, опрема која треба да им послужи на учениците кои немаат соодветни уреди за да следат „он-лајн“ настава додека трае кризата со коронавирусот.

Од компанијата „Еколог Интернешенл“ велат дека проектот е со цел да им излезе во пресрет на најитните случаи на државно ниво кои имаат потреба од дигитални уреди за учениците да ја следат  он-лајн наставата.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, таблетите ќе им бидат доделени на децата од социјално ранливите категории врз основа на информации од Центарот за социјални работи во Крушево, односно на оние кои имаат најголема потреба.

– За време на  пандемијата  со која се соочуваме, „Еколог Интернешнл“ доаѓа со донација која ќе го ублажи предизвикот на многу ученици, кои не се во можност да го сторат тоа поради недостиг на соодветна дигитална опрема. Директно ќе им помогнеме на младите и на социјално загрозените сограѓани, изјави Христоски. ем/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност