Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Криумчар на мигранти од Косово е позитивен на Ковид-19, а не струмичанец

Во Струмица евидентиран првиот позитивен на Ковид-19
300x250 opst2

Струмица, 1 јуни 2020 (МИА) – Криумчар на мигранти од Косово е позитивен на Kовид-19, а не граѓанин од Струмичкиот регион, информира за МИА директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

Според него станува збор за државјанин на Косово И.П. (30), кој вчера по полноќ беше откриен од полицијата на клучката кај селото Миравци на автопатот Гевгелија-Скопје, како во камион со ладилник превезува 113 мигранти од Бангладеш, Индија и Мјанмар.

-На лицето вчера му е земен брис од страна на екипа на Центарот за јавно здравје и денес се покажа дека e позитивен на Kовид-19. Според воспоставените процедури, на уапсените лица и тие кои се упатуваат во притвор им се прави тест, рече директорот Витанов.

Инаку, Косовецот е спроведен на издржување на мерката притвор во Затворот „Скопје“ според пропишаните правила и прописи и тој од вчера се наоѓа таму. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите

Тешка сообраќајка на крстосница во Скопје: Се судрија четири возила