Утрински Весник
Магазин

Кристијано Роналдо и неговата девојка чекаат близнаци

Кристијано Роналдо и неговата девојка чекаат близнаци

Фудбалската суперѕвезда и неговата девојка, 27-годишната манекенка Џорџина Родригез, следната година ќе пречекаат близнаци, објави шпанскиот магазин Hola!, додавајќи дека таа моментално е во трет месец од бременоста.

Кристијано, исто така, ја потврди веста на својот Инстаграм профил заедно со фотографија на која тој и Џорџина лежат заедно во кревет и држат снимка од ултрасонографски преглед (ЕХО).

Тој напиша: „Со задоволство објавувам дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов – едвај чекаме да ве запознаеме“.

Џорџина ја објави истата фотографија на својот профил, со ист наслов.

Среќната двојка веќе се родители на тригодишната Алана Мартина, додека Кристијано е татко и на Кристијано Џуниор (11) и на близнаците Матео и Ева (4).

Можете да прочитате

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО АНГЛИЈА: Маж влегол меѓу тигрите, едно од животните го нападнало

ШТО НАЈМНОГУ САКААТ МАЖИТЕ ВО КРЕВЕТ? Ескорт-дама ја откри најбараната секс-поза, одговорот ќе ве изненади

Пријателите никогаш не ви ги лајкуваат објавите? Психолозите објаснуваат што може да значи тоа