Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за непочитување на мерките на Владата

Полицијата со засилени контроли за спроведувањето на мерките против коронавирусот

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата заклучно со денеска Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 77 кривични пријави, а по основ на член 206 и член 205 од КЗ на РСМ, при што треба да се има предвид фактот дека во дел од вкупно поднесените кривични пријави се застапени и двата члена од Кривичниот закон – „пренесување заразна болест“ (чл.205) и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206).

Од МВР информираат дека до надлежните ОЈО доставени се пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Покрај овие активности МВР, односно Секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по однос на 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на наши граѓани. Притоа, се појаснува во денешното соопштение од МВР, при извршените контроли по основ на решенија за изолација утврдени се пет непочитувања на решенијата, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи.

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави по член 206 од КЗ на РСМ. цр/мч

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двете лица од Врапчиште се приведени и по извршен службен разговор се пуштени

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА