Утрински Весник
Македонија

Кривични за сопственици на локали во Тетово и Велес каде не се почитувале мерките против вирусот

Се укина забраната во кафулиња и ресторани на една маса да седат само двајца

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објект, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 15. февруари годинава околу 21.35 часот, полицијата во Тетово извршила контрола во локалот и констатирале дека Н.М. постапил спротивно на одлуката на Владата и по дозволеното работно време во објектот имало гости.

За истото кривично дело поднесена е пријава и против Н.З.(64) од Велес, сопственик и управител на локал.

На 24. декември минатата година полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитуваат владините одлуки, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата