Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за тројца скопјани за кражби во Тетово

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Тетово, 12 февруари 2020 (МИА) – Тетовската полиција информира дека се расветлени неколку кражби случени на крајот од 2019 година, а за кои се поднесени соодветни пријави за тројца жители на Скопје. До Основното јавно обвинителство Тетово поднесена е кривична пријава против М.Х.(48), Д.Т.(42) и Р.Д.(42), тројцата од Скопје, поради основи на сомнение дека првите двајца сториле кривично дело „кражба“, а третиот кривично дело „прикривање“.

-Првопријавениот М.Х. се сомничи дека во текот на декември минатата година, искористувајќи го невниманието на вработените, од продавници за технички производи во Тетово одзел: четири лаптоп-компјутери, кафемат и климатизер, додека Д.Т. го чекал надвор во возило со скопски регистарски ознаки, по што двајцата се враќале во Скопје и заедно со Р.Д. ги продавале производите, а парите ги делеле меѓу себе, соопшти Марјан Јосифоски, портапрол на СВР Тетово.

Вкупната противправна корист со која се стекнале пријавените се проценува на близу 170 илјади денари. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор