Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за сопружници од Дебар што си го принудувале детето да питачи во Струга

Кривична пријава за сопружници од Дебар што си го принудувале детето да питачи во Струга

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе кривична пријава против Р.Н. (25) и М.Н (29) и двајцата од Дебар, инаку сопруг и сопруга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик на Р.С.Македонија.

Според пријавеното, малолетното дето било изложено на питачење и физичко насилство.

Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, информираа надлежните.

Можете да прочитате

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory