Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за двајца кичевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација

Кривична пријава за двајца кичевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација

Кичево, 3 април 2020 (МИА) – Кривична пријава е поднесена против двајца кичевчани бидејќи не ја почитувале мерката за самоизолација. Тие на 18 март не биле во своите домови и не се придржувале кон мерките за 14-дневна самоизолација.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека се работи за Б.С.(46) од Кичево и С.А.(52) од кичевското село Шутово.

Двајцата по пристигнувањето со авионски лет од Австрија односно Германија потпишале изјава дека се согласуваат на 14-дневна самоизолација.

Со непридржување до одредбите во изјавата, двајцата ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за ширење и сузбивање на коронавирусот. рф/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание