Утрински Весник
Свет

Кремљ: Одлука на Европскиот суд за човекови права е неаргументирана

Кремљ: Одлука на Европскиот суд за човекови права е неаргументирана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кремљ оцени дека одлуката на Европскиот суд за човекови права дека Русија е виновна за смртта на поранешниот соработник на Федералната служба за безбедност, Александар Литвиненко, е неаргументирана, бидејќи судот ги нема сите информации за тој случај.

„Тешко е Европскиот суд за човекови права да има некои овластувања, технолошки можности да има информации за тоа“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја одлуката на судот во Стразбур.

На прашањето дали Кремљ е подготвен да се согласи со пресудата, тој рече дека не е подготвен да ја почитува таквата одлука.

Европскиот суд за човекови права заклучи дека Русија е одговорна за убиството на поранешниот шпион Литвиненко отруен со полониум-210 во Велика Британија во 2006 година.

Во соопштението, судот оцени дека постои „силна претпоставка“ оти сторителите на труењето, именувани за време на британската истрага, дејствувале како агенти за руската држава.

Судот, исто така, наведува дека Москва не дала задоволителни и убедливи алтернативни објаснувања, ниту ги оспорила заклучоците од британската јавна истрага. Русија е осудена да плати 100.000 евра на име „морална штета“ на вдовицата на Александар Литвиненко, што е доста висока сума за тој суд.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин