Утрински Весник
Свет

Кремљ нема информации за договорот на Германија и САД за „Северен поток 2“

Кремљ нема информации за договорот на Германија и САД за „Северен поток 2“

Берлин и Вашингтон постигнале некакво разбирање за гасоводот „Северен поток 2“ за време на посетата на канцеларката Ангела Меркел на САД, но деталите од договорот сè уште не се познати за Кремљ, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за ТАСС.

„Знаеме дека „Северен поток 2 “ беше високо на агендата на германската канцеларка  во Вашингтон“, рече Песков. „Знаеме дека е постигнато одредено разбирање помеѓу Берлин и Вашингтон. Но ние немаме никакви детали“, рече тој.

„Волстрит журнал“ претходно објави, повикувајќи се на анонимни извори, дека САД и Германија може да го објават договорот за „Северен поток 2“ веќе денес.  Според весникот, американската администрација  според  договорот ќе престане да се спротивставува на проектот за гасоводот, а Германија ќе се посвети на помагање на Украина со енергетски проекти и преку дипломатија.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија