Утрински Весник
Свет

Кремљ ги осудува санкциите против руските медиумски личности

Кремљ ги осудува санкциите против руските медиумски личности

Кремљ ги осудува сите западни санкции против претставници на руските медиуми и новинари сметајќи ги за неприфатливи, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

„Сметаме дека санкциите се неприфатливи и незаконски, а ограничувањата за новинари, претставници или уредници на масовните медиуми се апсолутно недозволиви и најостро ги осудуваме“, рече Песков на дневниот брифинг, пренесува ТАС С.

Коментирајќи ги неодамна воведените санкции против неколку медиумски личности на руските медиуми, Песков рече дека тоа е „надвор од сите граници на разбирање“.

Можете да прочитате

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија

Захарова: Нелегалните дејствија на ЕУ со замрзнати руски средства ќе предизвикаат најостра реакција од Русија

Кубилијус: ЕУ да не чека на САД, туку да води преговори