Утрински Весник
Свет

Кремљ ги обвинува Западот и Киев за прекинот на испораката на жито

Светот би можел да биде на работ на голема криза со храна поради незаконските ограничувања наметнати на Русија од западните земји и одлуката на украинските власти да не снабдуваат жито, објави денеска Кремљ.

„Ние сме потенцијално на работ на многу длабока криза со храна поврзана со воведувањето незаконски ограничувања против нас и активностите на украинските власти кои го минираа патот кон Црното Море и не испорачуваат жито од таму и покрај фактот што Русија не ги попречува во ништо“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Повеќе од три месеци од почетокот на конфликтот во Украина, Русија окупираше големи делови од брегот на својот сосед и ги блокира нејзините пристаништа, но за прекинот на испораката на жито ги обвинува западните санкции и Киев, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети