Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во просториите на Општина Аеродром

Крводарителска акција во просториите на Општина Аеродром

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Под мотото „Дарувај крв ‒ спаси живот“ во просториите на Општина Аеродром денеска се спроведе традиционалната крводарителска акција во организација на Црвен крст ‒ Кисела Вода на која се приклучија градоначалникот Златко Марин вработените во општината, како и голем број граѓани.

-Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните, изјави градоначалникот Марин и им се заблагодари на сите граѓани што даруваа крв и беа дел од оваа хумана акција.

Од Општина Аеродром порачаа дека и во иднина ќе продолжат да поддржуваат крводарителски акции со кои се спасуваат животи, но и се праќа порака за хуманост. вј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче

Објавен јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени