Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во Општина Бутел

Крводарителска акција утре во Општина Бутел

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Општина Бутел и Институтот  за трансфузиона медицина денеска од 9 до 14 часот ќе организираат крводарителска акција во просториите на Општината.
Од прес-службата на Општината информираат дека во координација со Институтот  за трансфузиона медицина се преземени дополнителни мерки за да создадат максимално безбедни услови за крводарување, како што е обучен персонал за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки  од Институт за трансфузиона медицина.
– За време на акцијата ќе биде воведен систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите и ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување), посочуваат од Општината.
Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот.фф/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Сончево и топло и во следните денови, температурите ќе „скокнат“ до 40 степени

Мицкоски го пречека Курти во Скопје

Вчера имало 29 пожари во Македонија, пет се сè уште активни