Утрински Весник
Спорт

Крај на сагата – Дембеле ја напушта Барселона

Фудбалерот на Барселона Усман Дембеле ја одбил понудата за продолжување на договорот со каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Челниците на Барселона повеќе не сакаат да преговараат со францускиот фудбалер околу продолжување на соработката, а како што пренесува шпанскиот весник „Мундо депортиво“, кариерата на Дембеле во каталонскиот клуб е завршена.

Дембеле (25) во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра, со евентуалени бонуси од 40 милиони евра.

Тој без обештетување ќе го напушти тимот од „Ноу Камп“.

Францускиот фудбалер одигра 150 натпревари за каталонскиот клуб и постигна 32 гола.

> Крај на сагата – Дембеле ја напушта Барселона <

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите