Утрински Весник
Свет

Кралицата Елизабета нема да присуствува на службата на Комонвелтот

Кралицата Елизабета нема да присуствува на службата на Комонвелтот

Британската кралица Елизабета Втора нема да присуствува на богослужбата на Комонвелтот во понеделник, објави Бакингемската палата, што требаше да биде прв јавен ангажман на 95-годишната кралица откако лекарите ја советуваа да одмора по прележувањето на коронавирусот.

Кралицата побара од принцот од Велс да го претставува нејзиното височество во службата на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, се вели во соопштението на Бакингемската палата, пренесе „Ројтерс“.

Кралицата ќе продолжи со другите планирани ангажмани следната недела, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени