Утрински Весник
Спорт

Крадци влегле во домот на Ди Марија

Крадци влегле во домот на Ди Марија

ПСЖ, синоќа, доживеа шокантен пораз од Нант (1:2) на „Паркот на Принцовите“. Мечот го обележа моментот од 62.минута, кога спортскиот директор Леонардо го повика тренерот Маурицио Покетино и од него побарал да го замени Анхел Ди Марија.

Француските медиуми открија зошто Леонардо се замешал во работата на тренерот. Додека се играл натпреварот, крадци влегле во домот на Ди Марија, во кој било неговото семејство.

Ди Марија експресно го напуштил стадионот, а засега нема повеќе информации околу она што се случувало во домот.

Играчите на ПСЖ во последните 18 месеци се мета на крадци, ограбени беа Мауро Икарди, Серхио Рико, Тијаго Силва и Ерик Максим Чупо Мотинг. Француските медиуми пренесуваат дека синоќа крадци го „посетиле“ и домот во кој живеат родителите на Маркињос.

> Крадци влегле во домот на Ди Марија <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана