Утрински Весник
Спорт

Костиќ ги предводеше Ајнтрахт до победа кај Бетис, Пакуета ги „смрзна“ Порто

Костиќ ги предводеше Ајнтрахт до победа кај Бетис, Пакуета ги „смрзна“ Порто

Лион и Ајнтрахт Франкфурт стигнаа до одлични гостински победи во првите два меча од осминафиналето на Лига Европа, за голема надеж пред реваншот. Лион триумфираше со 0:1 на тешкото гостување кај Порто, додека Франкфурт изненадувачки славеше на „Бенито Вилјамарин“ со 2:1 против Реал Бетис.

Во Севилја во супер-интересен меч, бундеслигашот дојде во водство во 14. минута со прекрасниот гол на Филип Костиќ. Домаќините израмнија преку Набил Фекир во 30. минута, но само две минути подоцна, Јапонецот Даичи Камада пак врати водство за германскиот тим. Ајнтрахт имаше совршена шанса и за трет гол по досудениот пенал во 52. минута, но обидот на Рафаел Боре заврши директно во рацете на голманот Клаудио Браво.

Во Португалија пак, за Лион беше доволен голот на Бразилецот Лукас Пакуета во 59. минута. Порто добија пенал во 65. минута од мечот, меѓутоа ВАР системот одлучи дека нема да има удар од белата точка. ВАР повторно не им беше наклонет на домаќините во 96. минута, кога голот на Мбемба беше поништен поради офсајд.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ

Порто – Лион 0:1

Реал Бетис – Ајнтрахт Франкфурт 1:2



> Костиќ ги предводеше Ајнтрахт до победа кај Бетис, Пакуета ги „смрзна“ Порто <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига