Утрински Весник
Политички Партии

Костадинов: Извршителот Мицкоски испумпувал пари од граѓаните за да завршат кај луѓе од ВМРО-ДПМНЕ

Костадинов: Извршителот Мицкоски испумпувал пари од граѓаните за да завршат кај луѓе од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 2 март 2020 

Додека граѓаните плаќале за 100% повисока цена на струјата поради Христијан Мицкоски, најнеспособниот директор на ЕЛЕМ народните пари расипнички, криминално ги раздавал на лица од ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалот поврзан со извршителот Мицкоски покажа како преку Договори за адвокатски и советодавни услуги народните пари ги исмпупувал за да завршат кај Панче Тошковски, негов пријател од ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот Договор Мицкоски го склучил во 2016 година тежок 1,6 милиони денари за две години. Само по 5 месеци, во март 2017 Мицкоски склучил нов Договор, вреден нови 8.850.000 денари, за адвокатски услуги.

Само со овие два договори, за пет месеци, извршителот Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, 170.000 евра, пари на граѓаните!

Еве ги почитувани дел од исплатите кон Тошковски обезбедени од извршителот Христијан Мицкоски.

Само на оваа картичка, се гледа исплата на 2 милиони 655 илјади денари кон партискиот другар на Мицкоски, Панче Тошковски.

Еве почитувани како извршителот Мицкоски на расипнички и криминален начин парите ги вадел од ЕЛЕМ и ги давал на негови партиски другари.

Тоа се криминалните шеми на Груевски, граѓаните да осиромашуваат а да се полнат џебовите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Мицкоски и Тошковски се противат на Законот за јавно обвинителство, затоа што и тие самите се заглавени во криминалните шеми на нивниот шеф во Будимпешта, Никола Груевски.

Молкот нема да му помогне на извршителот Мицкоски за овој скандал.

Сите документите што ги добивме и коишто се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на извршителот Мицкоски, ќе ги предадеме до надлежните институции.

Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство создадени се сите услови за надлежните институции да делуваат и да донесат правда.

Никој, па ниту Груевски и Мицкоски ќе се спасат од одговорност.

Освен со правдата, Груевски и извршителот Мицкоски на 12 април ќе се соочат со нов пораз од граѓаните.

Изјава за медиуми на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт