Утрински Весник
Македонија

Сопружници се степале и демолирале изнајмена викендица во Маврово

Три лица во Прилеп осомничени за насилство

Гостивар, 2 март 2020 (МИА) – Сопружници направиле штета на инвентар и си нанеле повреди, откако се степале во викендичка која изнајмиле.

Според СВР Тетово, вчера било пријавено дека во викендица во Маврово, во која престојувале, двајца сопружници од Скопје на возраст од 25 и 34 години ја оштетиле внатрешноста на објектот. По увидот било утврдено дека тие претходно меѓусебно физички се пресметувале и си нанеле повеќе телесни повреди.

Двете лица се лишени од слобода и задржани се во Полициското одделение Маврово за расчистување и документирање на случајот.згм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

Спречени два обиди за криумчарење на мигранти, приведени двајца криумчари,

Тошковски: За секој што ќе биде утврдено дека е одговорен ќе има законски последици