Утрински Весник
Македонија

Делчево и Македонска Каменица добија 1,4 милиони евра за изградба на локални патишта

Делчево и Македонска Каменица добија 1,4 милиони евра за изградба на локални патишта
Img 5587

Делчево, 2 март 2020 (МИА) – Делчево и Македонска Каменица добија 1,4 милиони евра за изградба на локални патишта. Како што информираа од Општина Делчево, согласно Меморандумот за разбирање кој Владата го потпиша со 80 општини за реализација на Проектот за поврзување локални патишта, Делчево добива неповратни 790.000 евра за изградба и реконструкција на локални патишта и улици.

– Во рамките на овој проект, Општина Делчево во првата фаза аплицираше за реализација на потпроектите реконструкција на улицата „Орце Николов“ во должина од 500 метри со изградба на тротоари, реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 250 метри со изградба на тротоари, реконструкција на дел од улицата „Острец“ во должина од околу 100 метри со изградба на потпорен ѕид и тротоари, како и изградба на стариот локален пат Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 километри, заедно со инсталирање систем за одводнување со отворен канал и пропусти, информираа од Општина Делчево.

Img 5587

Општина Македонска Каменица преку проширувањето на соработката и партнерството со Владата, добива износ од 630 илјади евра.

– Овие средства ќе бидат наменети за изградба на нови четири километри безбедни и отпорни на климатски услови локални патишта во приградските и руралните средини. Проектот покрај општествената одговорност има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот, изјавија од општината.

Проектите се предвидени за тендерирање од страна на Министерството за транспорт и врски во текот на 2020 година. вс/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ