Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Владата обезбеди возило за струмичката болница, ќе пристигне за два месеци

Костадинов: Владата обезбеди возило за струмичката болница, ќе пристигне за два месеци
Dik 300x250 mk

Откако директорот на струмичката болница го повлече статусот на Фејсбук, а преку кој побара донација за ново болничко возило, се огласи пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој напиша на Фејсбук дека владата обезбедила возило за струмичката болница и дека тоа ќе пристигнело за два месеци.

„ Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме со ладни глави. Го разбирам притисокот кај здравствените работници.

Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница“ напиша Костадинов.

Тој додаде дека се правеле напори за повеќе возила и дека во првото тромесечије од 2021 година, како донација од Кина ќе пристигнеле 60 амбулантни возила за Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога