Утрински Весник
Магазин

Џејмс Бонд легендата , Сер Шон Конери, почина на 90-годишна возраст

Џејмс Бонд легендата , Сер Шон Конери, почина на 90-годишна возраст

Почина Џејмс Бонд легендата, Сер Шон Конери.

Шкотланѓанецот – кој беше првиот актер кој го играше 007 на големото платно – почина на 90-годишна возраст, потврди семејството додавајќи дека починал во сон додека бил на Бахамите.

Првата улога како британски супершпион Бонд, лик на авторот Јан Флеминг, беше во 1962 година, „Д-р Но“.

Тој го играше 007 вкупно седум пати: „Доктор Но“, „Се живее само два пати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.

Во август, тој беше на врвот на анкета спроведена од RadioTimes.com. и беше прогласен за најдобар Џејмс Бонд досега, оставајќи ги зад себе петте други актери кои се справуваа со улогата на најголемиот агент во светот со лиценца за убиства. Фановите на серијалот сметаат дека Конери со својот раскошен шарм и лежерна софистицираност бил вистинскиот избор.

Кариерата на Конери вклучува бројни хитови како „Хајлендер“, „Лов за црвениот октомври“, „Индијана Џонс“, „Последната крстоносна војна“ и други.

.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027