Утрински Весник
Свет

Косовскиот државен врв отпатува во САД на погребот на Медлин Олбрајт

Претседателката на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти отпатуваа за САД за да присуствуваат на погребот на поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт.

Двајцата заминале во САД на покана на семејството Олбрајт, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи, во кое Олбрајт се нарекува голема пријателка на Косово.

Се додава дека Османи и Курти за време на престојот во Вашингтон ќе имаат средби со американски претставници.

Олбрајт ќе биде погребана утре, 27 април, во Вашингтон, а на погребот, како што е најавено, ќе зборува и американскиот претседател, Џо Бајден.

На погребот ќе присуствуваат и поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, а предвидено е пред присутните да се обратат и трите ќерки на Медлин Олбрајт.

На погребот ќе можат да присуствуваат само оние кои добиле поканата, поради безбедносни мерки.

Олбрајт почина на 23 март на 84-годишна возраст.

Можете да прочитате

Студија: Од 2023 до 2025 година Израел го напуштиле речиси 1.400 лекари

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји