Утрински Весник
Свет

Косово испраќа помош од 100.000 евра во Хрватска

Косово испраќа помош од 100.000 евра во Хрватска

Владата на Косово одвои 100.000 евра на Хрватска, за санирање на штетите по земјотресот што ја погоди таа земја.

Со оваа одлука, Владата на Косово им се придружува на земјите кои изразија солидарност со Хрватска.

„Владата изразува посветеност и подготвеност да им помогне на граѓаните и институциите на Хрватска во надминување на тешката состојба со која се соочуваат по земјотресот што ја погоди оваа земја пред неколку дена“, се вели во соопштението на косовската влада.

Ден по земјотресот, в.д. претседателот Вјоса Османи и премиерот Авдулах Хоти понудија помош на Хрватска со испраќање припадници на силите за безбедност на Косово за спасување и санирање на последиците од земјотресот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Војната во Иран предизвикува рекордни цени на авионски билети

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Петмина убиени во напад со дрон врз украинскиот град Никопол