Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Косово без првите ѕвезди во четврток во Скопје

Косово без првите ѕвезди во четврток во Скопје
300x250 opst2

Капитенот на фудбалската селекција на Косово, Амир Рахмани кој е соиграч на Елиф Елмас во Наполи е позитивен на коронавирус.

Оваа вест стигна денеска, по само еден час откако косовската Федерација објави дека и напаѓачот Ведат Муричи (поради неизлечена повреда) нема да биде на списокот на фудбалери кои во четврток на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе и се спротивстават на Македонија во полуфиналниот бараж дуел од Лигата на нации.

Од претходно е познато дека на мечот со нашата селекција Косово ќе биде и без Милот Рашица, играчот на Вердер кој е задолжен за креација на нападите.

Тројцата клучни играчи во таборот на Косово нема да бидат дел од дуелот во главниот град со што се олеснува работата за Пандев и другарите да обезбедат влез во бараж финалето и да се доближат на еден чекор до пласман на ЕП.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово во Лигата на нациите е в четврток од 20:45 часот.

> Косово без првите ѕвезди во четврток во Скопје <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица