Утрински Весник
Магазин

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално венчани

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер легално се венчаа во зградата на судот во Санта Барбара, Калифорнија во неделата, еден месец по неофицијалната венчавка во Лас Вегас без дозвола за брак.

Кортни и Тревис разменија завети во присуство на најблиските, објави „ТМЗ“, потсетувајќи дека парот се сврши во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија.

Кортни на себе има кус бел фустан за формалната церемонија во зградата на судот.

По церемонијата, реалити-ѕвездата (42) и тапанарот (46), беа видени како се возат во винтиџ црн кабриолет со натпис „штотуку венчани“, кој виси на браникот.

Можете да прочитате

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето