Утрински Весник
Свет

Корона-кластер во Истражен комитет на австрискиот парламент

Корона-кластер во Истражен комитет на австрискиот парламент

Во австрискиот парламент се појави корона-кластер меѓу членовите на Истражниот комитет во врска со корупцискиот скандал „Ибица“, кој неодамна го сослушуваше канцеларот, Себастијан Курц.

Прво беше објавено дека шефот на фракцијата на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) во Комитетот, Кристијан Хафенекер, се разболел од Ковид-19, а во меѓувреме, кластерот порасна на шест заразени.

Се разболе и претставничката на Неос, Стефани Криспер, пратеникот на Зелените, Дејвид Штегмилер, еден соработник на Социјалдемократската партија (СПО) и соработник на Партијата на зелените, како и двајца новинари.

Дирекцијата на парламентот претпоставува дека ќе има многу повеќе заразени.

Интересно е што членовите на опозицијата, како и нивните соработници и новинарите кои се заразиле, се состанале на коктел по седницата на Истражниот комитет.

Само претставниците на Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Курц не биле поканети на собирот.

Од почетокот на пандемијата, во австрискиот парламент се водеше жестока дебата за мерките, но пратениците никогаш не беа соочени со правилата што граѓаните мораа да ги почитуваат.

Така, претседателот на парламентот, Волфганг Соботка, не можеше да воведе обврска за носење маски, а неносењето од страна на одредени пратеници доведе до жестоки дебати меѓу партиите.

Но, и покрај тоа, до сега немаше заразени во поголеми кластери.

Можете да прочитате

Италија издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за Рим и уште три други градови

Се менува демографската слика на ЕУ: помалку млади, повеќе стари до 2100, по пикот во 2029 година населението ќе почне да опаѓа

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада