Утрински Весник
Свет

Коронавирусот се појавил многу порано од официјалната потврда, тврдат истражувачиите во нова студија

Коронавирусот се појавил многу порано од официјалната потврда, тврдат истражувачиите во нова студија
Dik 300x250 mk

Ковид-19 можно е да се проширил во Кина уште во октомври 2019 година, два месеци пред да се идентификува првиот случај во Вухан.

Истражувачите од Универзитетот во Кент, во студија објавена во научното списание „ПЛОС Патогенс“, наведуваат дека вирусот можел да циркулира од почетокот на октомври до средината на ноември 2019 година и оти првото заболување од Ковид-19 веројатно се случило на 17 ноември, пренесува Ројтерс.

Истражувачите предводени од Дејвид Робертс од британскиот универзитет во Кент, го пресметаа најверојатниот период кога вирусот можел да се прошири од животни на луѓе, врз основа на информациите за првите потврдени случаи во Кина и во странство.

Тој модел сугерира дека вирусот се шири низ целиот свет уште во јануари, а пресметките покажуваат дека првата зараза надвор од Кина можела да биде на 3 јануари во Јапонија.

Истото мислење го делат и научниците од Светската здравствена организација (СЗО), кои го испитаа потеклото на вирусот во Кина на почетокот на годината.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор