Најпопуларните социјални мрежи Месинџер, Фејсбук и Инстаграм уште од утрово престанаа да функционираат за корисниците ширум Европа. Дел од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не можат да се вклучат на социјалните мрежи.
Апликациите во сопственост на Фејсбук покажаа проблеми кон 9 часот изутринава, евидентира алатката DownDetector, која ги следи прекините на Фејсбук.
Повеќе од половина (51 процент) од пријавените проблеми со Месинџер се поврзани со испраќање и примање пораки, 30 проценти се проблеми со конекцијата, а 17 отсто се проблеми со логирањето на социјалната мрежа.
Засега е непознато кои се причините за овие проблеми и уште колку долго ќе траат.