Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Копретседавачот на Заедничкиот консултативен комитет на ЕУ го честита почетокот на преговорите со ЕУ

Бочварски: Општина Штип презема дополнителни превентивни мерки
300x250 opst2

Штип, 28 март 2020 (МИА) – Честитка за почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ пристигна од Јасна Габриќ, градоначалничката на словенечката општина Трбовље со која градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно претседава со Заедничкиот Консултативен Комитет на ЕУ.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упати голема благодарност до неа и до сите меѓународни партнери со чија поддршка нашата земја, како што вели, чекори кон успесите.

-Во една недела ги остваруваме двете најважни стратегиски цели на чија реализација работиме со децении. Ништо не може да ја помати радоста за испорачаните успеси и обезбедената подобра перспектива. Продолжуваме понатаму, рамо до рамо со нашите пријатели во големото европско семејство, каде припаѓаме, вели Бочварски.

Копретседавачката на Заедничкиот консултативен комитет, Габриќ изразува искрена радост за граѓаните на Република Северна Македонија.

-Најнапред, дозволете да ви честитам што стигнавте до уште една позитивна пресвртница на патот кон членство во ЕУ. Јас лично, како и Заедничкиот Консултативен Комитет на Региони, ја бараме оваа важна одлука со години, имајќи ги предвид големите постигнувања на Северна Македонија. Почетокот на пристапните преговори ја одразува посветеноста на заедничката агенда на уште подлабоки односи засновани на европски вредности и соработка, вели Габриќ.

Таа потенцира дека важно е ЕУ да покаже доверба и посветеност на проширувањето, уште поцврсто во солидарноста со регионот на Западен Балкан во овие кризни мигови.

-Ова се одлични предуслови за нашата работа во ЗКК, за кој ми е дадена обврската да бидам негова ко-претседавачка и во наредните две и пол години, вели Габриќ. вдј/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем

Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 22 лица за безобзирно управување на возило