Утрински Весник
Спорт

По Барселона, намалени плати и за кошаркарите на Басконија

По Барселона, намалени плати и за кошаркарите на Басконија

Билбао, 28 март 2020 (МИА) – Басконија е шестиот шпански кошаркарски клуб и втор Евролигаш по Барселона, во кој е неизбежно намалување  на платите поради предизвиканата криза со новиот коронавирус.

Кога ситуацијата ќе се нормализира, играчите и сиот персонал повторно ќе заработува согласно потпишаните договори.

На таков чекор во Шпанија, пред Басконија и Барселона, се одлучија и екипите на Фуенлабрада, Естудијантес, Манреса и Сарагоса.

Во земјата постои закон според кој, поради криза, клубовите може да ги намалат примањата на нивните вработени на одредено време за намалување на економските последици.

Барселона, на пример, донесе одлука за намалување на платите на кошаркарите за 70 отсто. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата