Утрински Весник
Македонија

Кумановските пазари нема да работат, невладините да се координираат пред да делат донации, карантин за Куманово, бара Општинскиот кризен штаб

Кумановските пазари нема да работат, невладините да се координираат пред да делат донации, карантин за Куманово, бара Општинскиот кризен штаб

Куманово, 28 март 2020 (МИА) – Кумановските пазари нема да работат, невалдините организации не смеат на своја рака да делат помош за загрозените семејства, препорача Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната тринаесетта седница.

Јавното претпријатие „Пазаришта“, почнувајќи од  денеска треба да ги затвори сите зелени пазари на територија на општината, со напомена дека ова препорака не важи за трговските дуќани кои се закупци на претпријатието. Штабот им забрани на невладините организации и здруженија да не организираат лични донации на подрачјето на Куманово, без претходно да се координираат со Штабот и со Општинската организација на Црвениот Крст, за да се спречат собирања на поголеми групи граѓани при дистрибуција на донациите.

Од Штабот денеска информираат дека почнале акција за делење на хуманитарни пакети на социјално загрозените категории граѓани.

 – Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово, се вели во соопштението на Штабот.

И овој пат Штабот,  бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во Центарот за Јавно Здравје Куманово и јавната здравствена установа, Општа Болница да го зголеми бројот со стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.ам/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Расчистено разбојништво во Штип

Османи: Мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации…

Георгиадис: Доколку се прекршува Преспанскиот договор Мицотакис ќе го поништи