Утрински Весник
Култура

Концерт „Табула раса“ со камерниот оркестар „Профундис“

Во Офицерскиот дом во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето, синоќа се одржа концертот насловен “Табула раса“ во изведба на Камерниот оркестар „Профундис“ со вилоинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ.

dobivaj vesti na viber

Камерниот оркестар „Профундис“ постои веќе три години, а негови главни цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Целовечерниот концерт на БИТ ФЕСТ, беше изведен во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт.

Во Камерниот оркестар „Профундис“ членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри: Националната опера и балет и Националната филхармонија. Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“